Во врска со: “Годишниот план за работа на ДИШЛ за 2022 година“ и „Годишен план за
индивидуално усовршување и обука на секој инспектор за 2022 година“, а по претходно склучен:
„Меморандум за соработка“ со УКИМ-Факултет за шумарски науки, пејсажна архитектура и
екоинжинеринг „Ханс Ем“, на ден 30.09.2022 година во просториите на Факултет за шумарски
науки, пејсажна архитектура и екоинжинеринг „Ханс Ем“, од страна на Катедрата за заштита на
растенијата и дрвото е извршено обука на инспекторите за шумарство при ДИШЛ, со цел:
„Надградување на знаењата на инспектори по шумарство и ловство од областа на заштита на шумите од растителни болести и штетници“, за што на секој учесник од страна на изведувачот на
обуката е издаден: „СЕРТИФИКАТ за учество на професионална обука за надградување на
знаењата на инспектори по шумарство и ловство од областа за заштита на шумите од растителни
болести и штетници“.