Професионална обука за надградување на знаењата на инспектори по шумарство и ловство

03.10.2022

Во врска со годишниот план за работа на ДИШЛ за 2022 година и годишен план за индивидуално усовршување и обука на секој инспектор за 2022 година, а по претходно склучен: „Меморандум за соработка“ со УКИМ - Факултет за шумарски науки, пејсажна архитектура и екоинжинеринг „Ханс Ем“, на ден 30.09.2022 година во просториите на Факултет за шумарски науки, пејсажна архитектура и екоинжинеринг „Ханс Ем“, од страна на Катедрата за заштита на растенијата и дрвото е извршено обука на инспекторите за шумарство при ДИШЛ, со цел: „Надградување на знаењата на инспектори по шумарство и ловство од областа на заштита на шумите од растителни болести и штетници“, за што на секој учесник од страна на изведувачот на обуката е издаден: „СЕРТИФИКАТ за учество на професионална обука за надградување на
знаењата на инспектори по шумарство и ловство од областа за заштита на шумите од растителни болести и штетници“.

Галерија