20.11.2024
Еколошката правда е во центарот на вниманието на Меѓународна конференција на народни правобранители и национални институции за човекови права и животна средина што се одржува денеска и утре каде присиствува и Директорот на ДИШЛ Бејтула Камбери.
Претставници од регионот споделуваат искуства и стратегии за заштита на човековите права во услови на загрозување на животната средина. Целта е зајакнување на напорите за еколошка правда кои почнаа со Љубљанската декларација од 2017 година и формирањето на Регионална мрежа на правобранители за животна средина и човекови права.