04.12.2024
Директорот Бејтула Камбери оствари средба со министерот за земјоделство г. Цветан Трипуновски, во присуство на заменик министерот за земјоделство, г. Флакрон Беџети, и директорот на Националниот парк „МАЛИ ШАРР“ г. Емир Хусеин.
Ова беше работна средба на која се разговараше за меѓусебната соработка и за решавање на предизвиците со кои се соочува Инспекторатот за шумарство и ловство. Во разговорот беше нагласена важноста од зачувување на биолошката разновидност и одржливо управување со природните ресурси за одржлив развој.
Средбата се одвива во топла и пријателска атмосфера.