Државна изложба на ловечки трофеи 2022

11/28/2022 - 10:00

Од 25 – 26 ноември во организација на Ловечката федерација на Македонија во големата сала на Природонаучниот музеј во Скопје, се одржа манифестацијата ,,ДРЖАВНА ИЗЛОЖБА НА ЛОВЕЧКИ ТРОФЕИ 2022 година. На изложбата беа изложени солиден број на трофеи од повеќе видови дивеч. Ваква манифестација се одржа по пауза од 40 години.

На манифестацијата и претходеше доделување на плакети на организации за посебни заслуги во унапредување на ловството во Македонија од страна на Ловечката федерација на македонија.

Државниот инспекторат за шумарство и ловсто доби

  • ПЛАКЕТА за посебни заслуги во унапредување на ловството во Македонија од страна на Ловечката федерација на македонија.
  • ПЛАКЕТА за посебни заслуги во унапредувањето на ловството во Македонија.
Gallery