Потпишан меморандум за соработка со Факултетот за шумарски науки

09/21/2022 - 10:00

Државниот инспекторат за шумарство и ловство, претставуван од директорот Фикри Алити, потпиша меморандум за соработка со Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженерство „Ханс Ем“, претставуван од деканот проф. д-р Кирил Сотироски.